Доктор Нико Беќаровски, кој воедно е и член на Комисијата за заразни болести, упати совет до сите оние кои организирано летово патуваат до одредена туристичка дестинација.
„Организираниот превоз со автобуси до/од туристичките дестинации, кој најчесто го користат постарите наши граѓани и тинејџерите е идеален извор за Омикрон БА 4/5 вирусот.
Токму затоа, сите мои почитувани сограѓани кои сте +60, за да не Ви се уништи долгоочекуваниот годишен одмор со температура, малаксаност, главоболка, гадење од “несаканиот гостин” носете заштитна маска во текот на патувањето.
Почитувани шофери, правете почести паузи, со целосно проветрување на автобусите, а во текот на проветрувањето оставете ја климата на автобусот вклучена,“ пишува Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пановски: Имаме најмалку по 1.500 случаи на Ковид-19 на дневно ниво, не се тестираат сите
Фото: Фејсбук/Беќаровски