еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Новите соеви на омикрон се поопасни од претходните, ризикот од смртност е зголемен за двојно

Почетокот на петтиот бран, којшто минатата недела го најавивме тука со 80% шанси за појавување, се оствари 100%, вели проф. Дејан Трајковски во најновата ковид-анализа.

„Се уште сме на почетокот и бројките засега не се големи – или барем се навикнавме и на многу поголеми – па засега многу не се потресуваме. Сепак, во наредните денови и недели новите случаи ќе се бројат со стотици, а на првиот дијаграм веќе се гледа почетокот на експоненцијалниот раст.

На вториот дијаграм забележуваме и брз раст на стапката на позитивни тестови, којашто денеска достигна дури 17,6%, што е прилично многу за толку рана фаза на бранот.

Дневните броеви можат само да растат, за што има услови – ефективниот репродукциски број Rt е веќе прилично над единица (на третиот дијаграм), иако растот не му е многу брз, барем засега.

Со Rt>1 сме начисто дека за вирусот има многу простор за ширење, односно колективниот имунитет е веќе прилично намален.

Бидејќи здравствените власти се уште не ги детектирале најновите потсоеви БА4/5, можно е засега да се шири само добро познатиот сој БА2 и тоа само поради падот на колективниот имунитет и неприменувањето на превентивните мерки.

Но, со доаѓањето на новите соеви, коишто се познати според нивната способност дополнително да го заобиколуваат стекнатиот имунитет, можеме да очекуваме и дополнително разгорување во наредните 1-1,5 месеци.

Со нивното доаѓање, постепено ќе се намалува учеството на потсојот БА2, односно истиот постепено ќе згаснува.

Иако моментално нема смртни случаи, наскоро ќе се појават и тие. Најпрво, да направиме една проценка на стапката на леталитет од новите потсоеви БА4/5.

На четвртата слика ги гледаме еден над друг дијаграмите на седумдневните подвижни средини на бројот на нови случаи и бројот на починати во Португалија, земјата каде бранот веќе е во заминување.

Иако максимумот на бројот на нови случаи во петтиот бран бил двојно понизок од претходниот максимум во зимата (црвената права линија на погорниот од двата дијаграми има надолен наклон), кај бројот на починати летниот максимум речиси воопшто не е помал од зимскиот (зелената права линија одвај има надолен наклон).

Тоа значи дека при двојно помалку заболени имало речиси ист број на починати, односно стапката на леталитет била речиси двојно повисока кај потсоевите БА4/5.

Ова е лоша вест и оди во прилог на заклучоците од научниот труд, што го споменавме тука минатата недела, а тоа е дека ризикот за леталитет расте со секоја наредна реинфекција. Башка што новите потсоеви БА4/5 се изгледа и поопасни од претходните потсоеви БА1/2.

Ова не оди во прилог на претпоставките на нашите здравствени власти коишто тврдат дека во овој бран болеста ќе биде на ниво на обична настинка, но да не прејудицираме, што би рекле правниците.

Ако во четвртиот, зимски бран стапката на леталитет изнесувала просечно 1,5%, со новите потсоеви таа може да се искачи на 2%-2,5%, а заедно со неа и дневниот број на починати. Дури и ако дневниот број на нови случаи не порасне драматично (да речеме дека ќе се движи до 500 случаи дневно), при стапка на леталитет од 2% до 2,5% тоа би одговарало на 10-12 починати дневно, на врвот на бранот.

Тоа би било уште и оптимистичко сценарио. Од друга страна, ако бројот на умрени во овој бран биде сличен како во зимата (како во случајот на Португалија), тогаш кај нас би можеле да видиме и 15 (понекогаш и повеќе) смртни случаи дневно. А што ќе биде со умирачките ако достигнеме 1.000 нови случаи дневно при леталитет 2%?

Во секој случај, нема да биде „обична настинка“, колку тоа и да изгледа неверојатно во овој момент. Особено загрижува кумулативниот ефект од реинфекциите врз леталитетот, така што сите ние, а особено постарите, мораме да бидеме максимално внимателни и да пробаме да избегнеме повторно заразување.

Ќе го следиме леталитетот и кај реинфицираните. Во зимскиот бран имавме само 24 смртни случаи кај реинфицираните, но треба да имаме предвид дека тогаш прв пат се појавија реинфекции, а нивниот број допрва ќе расте.

Значи, кратко и јасно: нема простор за опуштање, мерките треба одново да се применуваат, макар и на доброволна основа, бидејќи вирусите не го кажаа својот последен збор,“ пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Новите типови на омикрон брзо се шират особено кај младите, но поминува како настинка

Даниловски: Со Ковид-19 ќе се заразуваат и оние што веќе прележале и што се вакцинирани, мал дел ќе завршат во болница

Проф. Трајковски: Бранот е започнат, а реинфекцијата со Ковид-19 кумулативно додава ризици за хоспитализација и морталитет, покажуваат најновите истражувања

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Најмалку 50 лица загинале од кои пет деца во нападот на Краматорск, Зеленски со порака ова злосторство да се најде пред Трибуналот

Редакција

Кој е Ѓоко Велковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика во техничката влада

Редакција

Хорор во кавадаречко: Ја искасапил сопругата со секира, па се самоубил фрлајќи се во Црна Река

Редакција