еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мајката на исчезнатиот Мартин пристигна во Грција: Потрагата на Халкидики продолжува

Од воздух, по копно и во вода, утрово продолжи потрагата по третиот исчезнат македонски државјани на првиот крак на Халкидики, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, во спасувачката акција на крајбрежната служба на Грција се вклучени три патролни бродови, возила и еден авион.

Спасувачката акција започна во саботата попладне, траеше во изминатите денови и продолжи и утрово, а освен крајбрежната служба во потрагата учествуваат и спасувачки тимови и волонтери.

Според грчките медиуми, спасувачките тимови се очекува да употребат и подводен дрон.

Од нашето Министерство за надворешни работи синоќа соопштија дека во вечерните часови во Грција пристигнала и мајката на исчезнатиот М.Ј. и беше пречекана од Генералниот конзул во Солун, кој продолжува одблиску да комуницира со грчките надлежни авторитети и е на располагање за секаква потребна асистенција.

Според информациите на МИА, спасените македонски државјани се во добра здравствена состојба, 25-годишниот Васил вчера беше отпуштен од болницата на Халкидики, додека пак 30-годишниот Иван е хоспитализиран во Солун.

Спасувачката акција и потрагата започнаа во саботата во попладневните часови, кога тројцата државјани на Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот.

Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата.

Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил беше спасен во саботата по поминати околу два часа во вода, додека пак во неделата, по околу 19 часа во морето беше пронајден и 30-годишниот Иван.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Топката на Танос и Трифон од Солун го спаси животот на Иван од Македонија

(Фото) Градоначалничката на Касандра објави фотографија од топката која му го спаси животот на Иван

МИА/Фото: voria.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договорот за извоз на житото преку Црно Море продолжен за уште 60 дена

Редакција

„Скопско куче дава поени или да мењам документи на скопски?“: Твитер реакции за Правилникот на Општина Тетово за надоместок од каснување од бездомни кучиња

Редакција

Бугарско МНР: 23 јуни не е крајниот рок до кој Бугарија треба да одговори на „францускиот предлог“

Редакција