еМагазин
Image default
Свет

Поранешна советничка: Трамп изеде доверлив документ по средба со Мајкл Коен

Поранешната советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Омароса Маниго Њумен тврди дека го видела шефот на државата како јаде хартија по состанок со адвокатот Мајкл Коен.

Таа во својата нова книга тврди дека Трамп изел еден од доверливите документи.

– Го видов дека стави хартија в уста. Имајќи предвид дека Трамп е бактериофоб, бев шокирана кога го видов како џвака и голта хартија. Мора да се работело за нешто многу важно, многу доверливо – пишува Њумен во својата книга „Надвор од контрола“ (Unhinged), која ќе биде пуштена во продажба на 14 август.

Освен тоа, таа во своето дело тврди дека постојат снимки на кои американскиот претседател Трамп се изразува расистички, а на голем број настани без својата сопруга се однесувал како „пуштен од ланец“.

– Не сакав да верувам. Ги отфрлав туѓите приказни за него, бидејќи не го познаваа како јас. Морав со сопствени очи да посведочам за расизмот и кога го слушнав тоа повеќе пати, веќе не можев да демантирам – вели поранешната советничка на Трамп во својата книга.

Њумен, исто така, тврди дека Трамп се обидел да „го купи нејзиното молчење“, нудејќи и позиција во изборниот штаб во 2020 година со месечна плата од 15.000 долари. Таа истакнува дека откако ја одбила позицијата добила многу заканувачки писма во кои ја предупредуваат дека мора да молчи во врска со претседателот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светот може да остане без кафе

Редакција

(Фото) Хамас ослободи две Американки, мајка и ќерка

Редакција

Сослушан Русинот чиј брод со амониум нитрат експлодираше во Бејрут

Редакција