еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За една недела бројот на новозаразени со Ковид-19 пораснал за 80%

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 4 до 10. јули покажуваат раст на бројот на новозаболени со Ковид-19.

“Тестирани се вкупно 6.318 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 7,5% во однос на минатата недела (n=5.876).

Регистрирани сe 1.731 нови позитивни случаи од 31 града во државата, со зголемување од 79,9% во однос на минатата недела (n=962).

Процентот на позитивност се движи од 20,1% до 32,5%, просечно 26,3%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=968; 55,9%).

Највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци (167,0/100.000), а висока инциденца се регистрира и во Скопје (159,5/100.000), Битола (123,5/100.000), Охрид (117,9/100.000) и Велес (100,6/100.000)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Табела) Најголем дел од новозаразените со Ковид-19 се на возраст од над 60 години

Доктор Беќаровски со совет до туристите кои се возат со автобус и возачите: Носете маски, правете почести паузи, проветрувајте

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево и топло до петок, за викендот повторно дожд

Редакција

Кои се новите в.д. директори на јавните претпријатија во Скопје

Редакција

Србија отвора конзулат во Охрид, почесен конзул ќе биде Михајло Филев

Редакција