еМагазин
Image default
Македонија

Јанкулоска се враќа во судница: Неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Нови рочишта за „Титаник“ на СЈО се закажани за 16 и 17 август, додека последната недела од август продолжуваат и судењата за „Т.Н.Т.“ и „Тврдина и Таргет“.

За време на судската ферија од 15 јули до 15 август во Кривичниот суд немаше закажани рочишта за случаите на СЈО.

Минатото рочиште за „Титаник“ требаше да се одржи на 3 јули, но беше одложено поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска која, како што извести нејзината адвокатка Сања Алексиќ се наоѓа во болница по породувањето.

Судијата Осман Шабани тогаш рече дека обвинетата Јанкулоска има право 45 дена да не биде повикувана на судски рочоишта, поради што го одложи судењето за „Титаник“ за 16 август.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Во Кривичниот суд последната недела од август треба да продолжи случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Во случајот „Тврдина-Таргет“ обвинети се бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски, како и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет, Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и уште шест лица. Ова е прв предмет на СЈО за кој Кривичниот суд донесе пресуда во ноември минатата година, кога еден од обвинетите врз основа на признание на вина беше осуден на условна казна затвор во траење од шест месеци, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.

МИА/Фото: Јанкулоска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев за новите „бомби“: Тие се дел од материјалите што ги предадов на СЈО

Редакција

Детален преглед: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 15 пациенти, а вкупно се лекуваaт 263

Редакција

(Видео) Филипче: Учениците, родителите и наставниците да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедна учебна година

Редакција