Реакциите за увидот на УЈП во банкарските сметки на граѓаните не стивнуваат. Иако директорката на УЈП, Сања Лукаревска објасни дека се работи за шпекулации во делот на заштитата на податоците, на социјалните мрежи сепак ја критикуваат оваа мерка.
Лукаревска објасни дека личните податоци на граѓаните се сигурни, загарантирани и заштитени.
„Користењето на податоците низ една ваква законска и сигурна процедура е императив за да може Управата за јавни приходи да издава однапред пополнети годишни даночни пријави кои граѓаните само ќе ги потврдуваат“, вели таа.
Новинарот и уредник на Севисот за проверка на факти, Владимир Петрески на неговиот фејсбук-профил вели дека оваа мерка не е ништо ново, само што никој не ја објасни суштината зошто се менува начинот на пристап до сметките односно да се спречи даночно затајување и перење пари.
Оваа влада има проблем со ПР-от. Ова со сметките на граѓаните и УЈП е глупост' Не станува збор за ништо што досега ги…
Posted by Vladimir Petreski on Недела, 12 август 2018
Марјан Николов од Центарот за економски анализи смета дека „наместо владата да се фокусира на приходната страна на буџетот и повторно и повторно да тренира строгост преку УЈП, да поработи на ефикасноста на расходната страна на јавните финансии.
„До сега видовме само интенција за понатамошно бркање во џебовите на ионака дисциплинираните даночни обврзници (ДДВ, банкарски сметки) наспроти тенденција за нетранспарентно и фаворизирачко и несоодветно делење на пари за иновации“ вели Николов на неговиот фејсбук-статус.
Sakam da im ukazham na Vlada na RM namesto da se fokusiraat na prihodnata strana na budzhetot i odnovo i odnovo da "…
Posted by Marjan Nikolov on Сабота, 11 август 2018
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
- Граѓаните негодуваат што УЈП ќе има увид во банкарските сметки, директорката објаснува што тоа значи
- УЈП ќе добива податоци од банките за граѓаните за пополнување на годишната даночна пријава