еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Додека власта се дума, Виз ер суспендира летови до Барселона и од Охрид до Лондон

Дека нискобуџетната компанија Виз ер од 26 октомври ги суспендира летовите од Скопје до Барселона, како што објави еМагазин, потврдува и најпознатиот регионален портал за авијација „ExYuAviation“.

Исто така, ја прекина продажбата на билети за своите летови од Охрид до Лондон од 24 октомври, пишува „ExYuAviation“.

Пред извесно време од Виз ер најавија прекин и на летовите помеѓу Скопје и Ваксјо во јужна Шведска од средината на септември, поради слабата побарувачка. Последниот лет помеѓу двата града ќе биде на 16 септември, по што продажбата на билети ќе биде прекината.

Виз ер беше единствената компанија која се пријави на огласот за субенционирање на авиокомпании од државата. Министерството за транспорт и врски пред неколку дена соопшти дека постапката е поништена и дека ќе има нов оглас.

Причината поради која беше поништена постапката, во јавноста беше протумачена како банална: Министерството забележа дека запечатените коверти не ги содржат името и адресата на превозникот, како што е наведено во тендерската документација.

Поради истекување на тригодишниот договор, Виз ер повеќе не е обврзан да ги одржува своите дестинации што ги лансираше во текот на изминатите години, ниту пак добива субвенции за нив.

Во меѓувреме, Виз ер, која користеше државни субвенции до јуни, промовираше три нови дестинации од аеродромот во Приштина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 15 лица од Ковид-19, меѓу нив гостиварец на 33 години

Редакција

Зоран и Вице Заеви регистрираа Фондација Заев – едно општество за сите

Редакција

Вакцината на „Џонсон&Џонсон“ против Ковид-19 може да предизвика ретко невролошко нарушување

Редакција