еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Хелсиншкиот комитет и Млади правници нудат бесплатна правна помош за граѓаните кои ќе пријават проблеми со здравствениот систем

Истражувачката репортерска лабараторија (ИРЛ), Македонско здружение на млади правници и Хелсиншки комитет за човекови права денеска се договорија за бесплатна правна помош за граѓани кои имале проблем со здравствениот систем во земјава, информираат од ИРЛ.

Оваa соработка за помош доаѓа откако беше објавено новинарското истражување на ИРЛ, „Нечиста крв“. По емитувањето на епизодата, до редакцијата на ИРЛ пристигнаа стотина пријави од граѓани со исто и слично искуство како семејството Брезеви од Велес. Пријавите се однесуваат на повеќе приватни и државни болници во земјава.

Истражувачката репортерска лабораторија е составена од мал тим и оперира со ограничени ресурси, а со понудената правна помош од Македонско здружение на млади правници и од Хелсиншкиот комитет сите пријави на граѓани ќе може да се обработат во побрз временски период.

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници ќе започнат да ги обработуваат и примаат пријавите од граѓани од утре (20.07.2022). Во текот на утрешниот ден ќе бидат соопштени сите детали и контакт телефони каде што граѓаните ќе може да се обратат.

Граѓаните ќе добијат иницијална правна помош, застапување односно помош за поднесување на кривични пријави, како и мониторинг на судски случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сторијата на ИРЛ, „Нечиста крв“ ја шокира Македонија, Обвинителството оформи предмет

Вонредни инспекциски надзори во „Жан Митрев“, во среда детали за случајот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бесим Красниќи екстрадиран во Македонија, спроведен е во Идризово

Редакција

27-годишниот Алпај Муфти доживеа сообраќајна несреќа и две недели беше во кома, потребни сме за негово лечење

Редакција

Плати и надоместоци во бруто износ од 376.000 евра за членовите на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје во 2019

Редакција