еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петиција за поддршка и потпишување на Прогласот за заштита на македонскиот јазик и книжевност

По големиот интерес за поддршка и потпишување на Прогласот за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистиката, којшто вчера го објавија млади македонисти, отворена е и е-форма преку којашто може да се даде поддршка и да се потпише Прогласот.

Петицијата којашто може да се потпише електронски е достапна на следниов линк: chng.it.

„Текстот на Прогласот во целост е достапен и преку е-платформата на којашто е петицијата. До овој момент нема одговор од повиканите институции од коишто се бара веднаш, без одложување, Унилатералната изјава на Македонија приложена кон записникот од првата политичка МВК да биде повлечена во целост, имајќи предвид дека со неа не се почитуваат востановените научни сознанија и утврдени факти за македонскиот јазичен, книжевен и, воопшто, културен идентитет, зад коишто стои не само домашната и странската македонистика, туку и современата светска славистика, лингвистика, книжевна наука и историографија.

Во Изјавата, меѓу другото, не се почитуваат и меѓународно усвоени теории и практики на толкување на фактите поврзани со историјата на словенските јазици во чиешто семејство припаѓа и македонскиот јазик, а, следствено на тоа, и на толкување на фактите за историјата на македонската книжевност и, воопшто, македонската култура.

Со научно неточно тврдење изнесено во оваа Изјава, македонската дијалектологија, односно македонскиот дијасистем е сведен само на територијата на државата, спротивно на меѓународните принципи и научно утврдени факти коишто дијасистемот не го поврзуваат со политичките државни граници.

Македонската книжевност е сведена на датирање само од 1945 година наваму (имајќи ја предвид употребата на терминот „литературен македонски јазик“, којшто подразбира јазик на литературата/книжевноста), при што, одделно, во Изјавата се алудира само на книжевни остварувања коишто се од поновата книжевна продукција, со што политички се брише македонската книжевна историја,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Младите македонисти објавија Проглас за заштита на македонскиот јазик и книжевност

Став на македонистите за едностраната изјава на Македонија: Грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик

Што пишува во едностраната изјава на Македонија за македонскиот јазик

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЛДП избра нови потпретседатели

Редакција

Италија ќе добие премиерка која го обожава Мусолини: Која е Џорџа Мелони?

Редакција

Родителите кои сакаат да ги вакцинираат децата со „Фајзер“, треба да ги пријават на сајтот vakcinacija.mk

Редакција