По смртта на долгогодишниот генерален директор на Тетекс АД Тетово, Глигорие Гоговски, од компанијата преку Македонската берза информираат за промена на акционерската структура.
“Тетекс АД Тетово известува дека е настаната промена на сопственост врз акции на начин што одредени сопственици се стекнаа со над 5% од вкупниот број на акции со право на глас издадени од Друштвото, и тоа како следи: Иванка Гоговска – 28.647 акции, односно 6,92 % од вкупно издадени 414.171 акции со право на глас издадени од Друштвото, Лоди Гоговска – 27.610 акции, односно 6,67% од вкупно издадени 414.171 акции со право на глас издадени од Друштвото, Бобан Гоговски – 27.612 акции, односно 6,67% од вкупно издадени 414.171 акции со право на глас издадени од Друштвото“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 79-годишна возраст почина Глигорие Гоговски, долгогодишниот генерален директор на Тетекс