еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Невреме во Охрид: Oткорнат кров од зграда оштетил повеќе куќи и автомобил

Откорната лимена кровна конструкција од зграда од невремето што попладнево го зафати Охрид оштетила повеќе куќи и возило.

Информацијата ја потврди раководителот на Центарот за управување со кризи од Охрид, Митко Темелкоски, посочувајќи дека за среќа нема поврдени луѓе.

– Имаме дојава за паднат дел од кров на улицата „Лазо Трповски“, кој оштетил неколку соседни пониски објекти. Причинета е материјална штета, за среќа нема повредени, изјави Темелкоски.

Силниот ветер, проследен со дожд и град откорна дрвја, искршил гранки и искинал кабли од телефонски и телевизиски оператори во градот.

МИА/Видео: Охрид24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на МОН за сукцесивна набавка на гориво вреден 95.000 евра

Редакција

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на МВР за телекомуникациски услуги вреден 5,7 милиони евра

Редакција

Наставничка и бебе меѓу новозаболените, досега 111 заразени со мали сипаници

Редакција