Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021, е помал за 1,5 прценти. Во периодот јануари – јуни годинава, пак, во споредба со првото полугодие лани намалуањето 1,9 отсто
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање од 2,8 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 1,4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,2 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 %, Капитални производи за 2,5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,5 %.
Фото: Unsplash