еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Утре замрзнување на цените на хигиенските производи, во текот на неделата и на дел од овошјето и зеленчукот

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека најверојатно утре, на владина седница, ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во текот на оваа недела ќе бидат замрзнати и цените на дел од овошјето и зеленчукот.

-Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре, истакна Бектеши по посетата на маркет во скопската населба Тафталиџе, заедно со преимерот Димитар Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

За овошјето и зеленчукот Бектеши рече дека вчера ги добил анализите од Министерството за земјоделство.

-Најверојатно цените на повеќе од пет-шест производи ќе бидат замрзнати во текот на оваа недела. Ги чекаме и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците за да видиме колку е ралзиката во делот на маржите, нагласи Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трговците кои не ги намалија цените ќе бидат јавно објавени кога ќе завршат постапките

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа три нови лица од Ковид-19 помеѓу кои и 44-годишна пациентка од Струмица

Редакција

Бугарската „Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ за набавка на струја вреден 607.000 евра

Редакција

(Фото) Со иновативната Еуцерин Hyaluron-Filler + Elasticity Day Rosé SPF30 ќе заборавите на бледата и уморна кожа

Редакција