Одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешната изјава на евроамбасадорот Дејвид Гир дека доколку не се смени Уставот преговарачкиот процес ќе запре, премиерот Димитар Ковачевски рече дека уставните измени се носат во Собранието на државата, потсетувајќи дека при зачленувањето во ЕУ државава ќе треба да направи голем број на законски измени и уставни измени, дури и при влегувањето во Унијата со цел дел од наделжностите кои се во моментов исклучиво на Македонија да се предадат во ЕУ, бидејќи влегуваме во Сојуз со други 27 држави, колку што се во моментов.
– Затоа пратениците коишто ги претствуваат граѓаните треба да бидат на ниво на својата задача и сите одлуки кои треба да се носат во однос на зачленувањето во ЕУ вклучително и закони и Уставни измени да ги носат во интерес на граѓаните, рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гир: Ако не го смените Уставот преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање
МИА/Фото: Влада