еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Бугарското МНР со честитка за Илинден

Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија. Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој; остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи, е објавено на Твитер од Министерството за надворешни работи на Македонија.

Претходно, од Министерството за надворешни работи на Бугарија на Твитер упатија честитки до граѓаните на Македонија по повод државниот празник – 2 Август.

– Искрени честитки до Република Северна Македонија и нејзините граѓани по повод нивниот Национален празник – 2 август. Уверени сме дека и во иднина ќе продолжиме со добра волја и политичка храброст да работиме за развој на добрососедските односи, се наведува во честитката од бугарското МНР.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само лани 53.000 граѓани од Македонија се преселиле во Германија?

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Кои модни брендови први ќе ги отворат своите продавници во Eeast Gate што се гради на поранешен Скопски Саем

Редакција

Хоакин Феникс, актерот кој зеде Оскар за улогата во „Џокер“ бил голем фан на Атиџе

Редакција