еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Помор на риби на вливот на Кумановка со Пчиња, се утврдуваат причините

Двата субјекта, пречистителната станица од Доброшане, кумановско и фабриката за преработка на зеленчук од Старо Нагоричане, денеска треба да достават мерења согласно елаборатите од животна средина, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина по вонредниот инспекциски надзор.

Инспекторатот изврши два вонредни надзори во двата субјекти, по поморот на рибите на вливот на Кумановка со Пчиња под „Искрин мост“ кумановско и по реакцијата на граѓани дека во Пчиња кај Драгоманце општина Старо Нагоричане се испушта одредена течност која ја менува бојата на реката во виолетова.

– Станицата во моментот на надзорот беше во работен режим. По изјава на одговорното лице немале дефекти поради кои би била исклучена пречистителната станица. До среда треба да ги достават мерењата согласно одобрениот елаборатот за животна средина, објавија од инспекторатот.

Од инспекторатот наведуваат дека се земени примероци од угинатата риба кои ќе се дадени на државниот инспекторат за земјоделство за понатамошна анализа. Резултатите ќе бидат достапни за јавноста.

Државниот инспекторат за животна средина при надзорот на правниот субјект во општина Старо Нагоричане им издал усна наредба-забрана да испуштаат отпадни води.

Фабриката, наведуваат од инспекторатот има рок до денеска да ја достави целокупната документација поврзана со животната средина до ДИЖС (елаборат, дозволи за зафат на вода и испуштање на отпадни води издадени од МЖСПП), по што ќе продолжи инспекциската постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовиран „План за чист воздух“ кој треба да го намали загадувањето за 50 проценти

Редакција

Влада: Постапката за избор на директор на НП „Галичица“ е целосно запазена

Редакција

Депонијата „Дрисла“ доби нов концесионер

Редакција