еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за спречување на дискриминација направи увид во бугарскиот клуб во Битола

Комисијата за заштита и спречување на дискриминација денеска влезе во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов во Битола.

Весна Бендевска, член на Комисијата и екс-пратеничка од редовите на СДСМ, како што пренесува Независен изјави дека увидот го најавиле и бил по претставка на здружение на граѓани кое го пријавило бугарскиот клубот за дискриминација, но не даде детали што е тоа дискриминирачкото во клубот.

„Ова е увид согласно член 29 од Закон за спречување и заштита од дискриминација. Работиме на претставка поднесена од здружение на граѓани. Должни сме да ја сослушаме и другата страна. Овој пат дојдовме на најавен увид, од пред една недела, во просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува поднесителот во претставката.

Комисијата не дава и не прејудицира наводи. Ќе се произнесеме штом заврши постапката. Има уште неколку институции што ќе мора да ги посетиме, да пријавиме документи, потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на веб-страницата“, рече Бендевска.

Покрај членови на клубот бил присутен и бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов.

Битолските членови на клубот велат дека увидот поминал коректно и немаат забелешки на посетата на Комисијата.

„Добро помина сѐ, членовите на Комисијата се најавија и денеска дојдоа, а ние го повикавме и конзулот на Бугарија, господинот Иванов. Не знаеме што им беше целта да видат во клубот, само фотографираа како се поставени сликите и паноа, и толку. Ни кажаа дека доаѓаат по реакцијата од некое здружение, но не знаеме што е точно дискриминаторско во клубот. Ќе нѐ известат, иако не кажаа кога тоа ќе се случи“, изјави за Независен, Георги Црномаров, член на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Негаторски цитат за Македонците виси на ѕидот во културниот центар “Ванчо Михајлов“

Фото: клуб „Ванчо Михајлов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава против синот на Муса Џафери кој физички го нападна претседателот на РКЕ, Бислимоски

Редакција

Наставник од Тетово натепал 13-годишен ученик

Редакција

Убава вест: Оздравени 200 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција