еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лазе Велковски не е повеќе директор на Бирото за јавна безбедност, кој ќе го замени

Владата на денешната седница го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски.

Барањето за разрешување на Велковски беше поднесено од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако во јавноста беше обелоденето дека со службено возило ќерката на Велковски била однесена на одмор во Грција.

На местото на Велковски засега не е назначен нов директор, а неофицијално, во јавноста како кандидати за неговото место се споменуваат Миле Зечевиќ, поранешен директор на УБК и актуелен надворешен советник на премиерот Зоран Заев, Сашо Тасевски кој е началник на Одделот за обезбедување популарно наречена Шеста управа како и долгогодишниот припадник на МВР, Кирил Митиќ.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерките на Владата за студентскиот стандард не се ниту доволни, ниту ефикасни, утврди државна Ревизија

Редакција

Топ 10 должници на Листата на УЈП во јануари

Редакција

За околу 50 вработени од поранешната УБК има утврдено безбедносен ризик за работење во безбедносните служби

Редакција