еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Времето денеска на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. На места ќе наврне поголема количина на воден талог.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 19, а максималната од 21 до 28 степени. УВ индексто ќе изнесува 6.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, во делови од котлината со пообилни врнежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жан Митрев може да понуди и друга гаранција: Обвинителката за замрзнувањето на сметките на клиниката

Редакција

Предложени, па повлечени измени за студентскиот оброк со кои голем број студенти би останале без него

Редакција

Се укинува и мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со позитивни на Ковид-19

Редакција