Доколку лицето Н.К. од Цетиње, а не полицијата, спречило поголем масакр, Обвинителството може тоа да го квалификува како нужна одбрана, а тој кривично да не одговара, вели адвокатот Жељко Ѓукановиќ за „Вијести“, зборувајќи за настанот во Цетиње, во кој напаѓачот Вук Бориловиќ усмрти десет лица.
Имено, црногорската полиција вчера во официјалното соопштение, меѓудругото наведе дека и понатаму се испитуваат околностите дали смртта на В.Б настанала како последица на тешкото ранување од страна на полицискиот службеник или поради дополнително испален проектил на, за сега точно неутврден начин од страна на граѓанин.
Според пишувањата на црногорските медиуми, граѓанинот кој му го задал смртниот истрел на Бориловиќ е Ненад Нено Калуѓеровиќ.
Ѓукановиќ за „Вијести“ објаснува дека нужната одбрана, како што е експлицитно пропишана во Кривичниот законик на Црна Гора, сама по себе претставува основа која исклучува постоење на кривично дело.
„Ова е затоа што за постоење на кривично дело потребно е да се претпостави дека делото е незаконско. Но, во овој страшен настан на јавностa ѝ е повеќе од јасно дека нема незаконитост во постапувањето на лицето кое го уби сторителот на ова кривично дело, бидејќи неговата постапка беше неопходна да се направи за да се заштити загрозеното добро – што во овој случај е живот на невини луѓе.
Со чувство на длабоко жалење за трагичната и нескриена загуба на нивните животи, никој кој рационално и чувствително гледа на сите елементи на овој трагичен настан не може и не треба да биде во дилема дека лицето кое го уби сторителот на ова страшно злосторство постапил во неопходна самоодбрана, што е експлицитна основа за исклучување на постоењето на кривично дело, со напомена дека крајната нужда е општо прифатен статут во кривичното законодавство во сите земји“, вели Ѓукановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ