еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Ако над 80 пратеници гласаат за измени на Уставот, ќе се повлечам од политика

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара власта веднаш по одморите да закаже седницата на Собранието за уставни измени. Ако над 80 пратеници гласаат за измени на Уставот со цел да се впишат и Бугарите, тој рече дека наредниот ден ќе се повлече засекогаш од политиката. Но, во спротивно побара предвремени парламентани избори.

-Кажав вчера дека верувам во секој пратеник од пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Парламентот дека под овие околности нема да гласа за промена на Уставот и дека доколку се случи такво нешто ќе заминам трајно од политиката. Затоа што имам полна доверба во сите.

Еве денеска ќе одиме чекор понапред овде во Тетово, порака до Владата предводена од ДУИ и СДСМ и Димитар Ковачевски, веднаш откако парламентарците ќе се вратат од годишниот одмор првата точка на првата седница во Парламентот да биде предлог за измена на Уставот на Македонија и доколку тој собере 80 пратеника јас веднаш истиот ден ќе го исполнам даденото ветување. Доколку тој нема 80 пратеника тогаш да одиме на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски при посетата на Тетово.

Тој денеска и утре има средби и со коалициските партнери за прецизирање околу прашањето за референдумот и можната седница за уставни измени.

– Имав состаноци со четири од коалициските партнери. Продолжувам утре во текот на денот исто така со консултации додека не се исконсултираме со сите коалициски партнери, потоа во рамките на партијата, Извршниот комитет, итн., откако Собранието ќе биде функционално ќе излеземе со конечен став околу референдумот, но мислам дека ставот е јасен и неколку пати повторен, истакна Мицкоски.

Во Тетово Мицкоски се приклучи на кампањата за вонредни избори за Совет на Тетово и одржа средби со граѓани.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Уште фали Мијалков да го вратат директор у УБК“: Твитер реакции за укинувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“

Редакција

Бугарскиот шоумен и лидер на партијата Има таков народ, Слави Трифонов ќе испрател „северномакедонски астронаут“ во НАСА

Редакција

(Видео) Во Скопје ќе се градат филмски студија во кои ќе се снимаат холивудски филмови, најави американскиот актер Џон Малкович

Редакција