еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

УНИЦЕФ: Поради сушата, на милиони деца во Африка им се заканува смрт

Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупреди дека голем број деца во Африканскиот Рог и Сахел може да умрат поради тешка неухранетост и ризик од болести кои се пренесуваат преку вода, јавува Анадолија.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел повика на итна помош додека Етиопија, Кенија и Сомалија се борат со голема суша.

Според неа, бројот на луѓе кои се соочуваат со суша во Африканскиот Рог е зголемен од 9,5 милиони на 16,2 милиони од февруари, поради што децата и семејствата се изложени на поголем ризик од болести како колера и дијареа.

– Милиони деца се на само една болест од катастрофа, додаде Расел.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без резултат, но во позитивна атмосфера поминала новата средба на македонско-бугарската Комисија за историски прашања, вели Ѓоргиев

Редакција

(Фото) „Трчај како да бегаш од Македонија“: Хит транспаренти од Виз ер Скопски маратон

Редакција

Штетата од пожарите огромна: Изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса

Редакција