еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Олумчев: Изградивме хибриден имунитет кој есенва ќе нè штити од нови корона-соеви и од други респираторни вируси

Во моментот во Македонија, во изминативе две и пол години, изградивме еден хибриден имунитет, што со вакцинирање, што со прележување на короната, кој и тоа како ќе ни користи во есенските месеци, кога ќе биде сезона и на други респираторни вируси, и евентуално, нови подваријанти на коронавирусот, вели за Вечер, доктор Сашко Олумчев, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Велес, Подрачна единица Гевгелија.

– Јас не очекувам драматична промена на оваа ситуација и наесен. Иако, со почетокот на есента и на училишната година, можно е да се зголеми бројката на инфицирани и појава на отсуство од работа и од часовите, поради мерката од седумдневна изолација, но, не очекувам влошување на симптоматологијата.

Мислам дека во наредниот период Комисијата за заразни болести ќе ја  намали оваа изолација на 3 дена.

Исто така, сакам да потенцирам дека сум оптимист и очекувам до крајот на годината, ковид-вирусот да се внесе во евиденцијата на ендемски вируси и да се третира, како и другите вируси, со вакцинирање по сопствен избор, секоја година, вели Олумчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Се движиме кон колективен имунитет на новиот сој на Ковид-19, што би требало добро да држи барем до Нова година

Доктор Пановски: Луѓето со хронични заболувања да избегнуваат гужви, иако Ковид-19 веќе е статистика за која пишуват медиумите

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се симптомите на непознатиот хепатитис кој ги напаѓа децата

Редакција

(Возенемирувачки фотографии) Отруени кучиња во Тетово

Редакција

За претстојниот продолжен празничен викенд локален дожд и пад на температурите

Редакција