еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

На Самитот „Отворен Балкан“ потпишани договори за соработка во областа на обезбедување храна, киноматографија и цивилна заштита

Во рамки на Самитот „Отворен Балкан“ во Белград ресорните министерства од Македонија, Србија и Албанија денеска потпишаа договори и меморандуми за соработка, во присуство на премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама.Потпишани се договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ.Исто така, потпишан е Меморандум за разбирање и соработка во областа на конематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура од Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Србија, Маја Гојковиќ и од Албанија, Елва Маргарити.

Во рамките на Самитот Отворен Балкан беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.-Овие договори и Меморандумот, уште повеќе ја зацврстуваат соработката на земјите од Отворен Балкан и нудат можност за зближување, зајакнување и обезбедување безбедна иднина за граѓаните на трите држави, беше порачано на потпишувањето.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Редакција

Македонија и понуди помош на Грција, од грчкото МНР се заблагодарија за брзата реакција

Редакција

Српските граѓани нема да плаќаат патарини во Македонија летово

Редакција