еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија, вели Битиќи

Се додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со почетокот на грејната сезона во главниот град.

Согласно законот, како што посочи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија.

Во однос на топланите Исток и Запад, кои се во сопственост на „Адора инженеринг“, според која закупот како опција без јасна интенција за купопродажба на топланите не е прифатлив, вицепремиерот со став дека процесите мора да бидат согласно законот и дека закупот е легитимна алатка.

– Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста е легитимна, но ќе се склучи според законите. Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави Битиќи.

Сериозноста на Владата да не ги остави скопјани без парно греење, според Битиќи, се гледа во тоа што по непреземањето на парното греење од страна на Град Скопје, Владата интервенирала со формирање на три претпријатија.

– За жал, заради тоа што Град Скопје не го презема парното, Владата интервенираше со формирање на три компании. Ако тоа не е доволен показател за сериозната на Владата, не знам што би требало да биде. Во овој момент дистрибутивната мрежа е предадена на ЕСМ, изјави Битиќи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Демократскиот сојуз бара поширок партиски консензус околу заклучоците за францускиот предлог, ако го нема да го подржи

Редакција

Пензиите ќе се исплаќаат на почетокот на месецот

Редакција

Од денеска треба да се вратат старите цени на авто-полисите

Редакција