еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се новите в.д. директори на јавните претпријатија во Скопје

Град Скопје соопшти дека денеска се назначени нови в.д. директори на јавните претпријатија.

-Со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева, додека со ЈП Улици и патишта, Саид Саид.

На в.д директорската позиција во ЈП Паркинг назначен е Крсте Петревски, во ЈП Паркови и зеленило, Реџепи Зухејр, додека во ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков.

Во ЈП Комунална хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, во ЈСП, Александар Стојковски и во ЈП Водовод Марјан Митевски, наведуваат од Градот.

Новите в.д. директори ќе имаат обврска и одговорност во следните шест месеци да ги спроведат неопходните реформи со цел консолидација на јавните претпријатија од аспект на справување со економската и енергетската криза.

-Обврските се во насока на оптимизација на средствата и процесите, намалување на трошоците и кратење на сите непродуктивни трошења, како и спроведување на реформата во сегментот на вработувања во претпријатијата со која нема да се дозволи лица кои не одат на работа или не ги извршуваат работните обврски да бидат платени од буџетските средства, наведува Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.112 случаи на Ковид-19 од 2.553 тестирања

Редакција

Кој е Цветан Трипуновски, кој ВМРО-ДПМНЕ го предлага за заменик министер за земјоделство

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на болницата во Кавадарци за набавка на масло за горење вреден 180.000 евра

Редакција