Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски откри дека Општината Куманово е во интензивни преговори со компанијата „Лидл“ за да таму го гради нивниот логистички центар на локација во индустриската зона Новини и Речица во Куманово.
Како што информираше Димитриевски на седница на Советот на Општината, за оваа е информирана и Владата, а моментално се бара начин на оваа локација да се укрупнат парцелите, бидејќи се работи за огромна површина, околу 20 хектари земјиште на која треба да биде изграден логистичкиот центар.
Станува збор за инвестиција од 75 до 80 милиони евра, а се планираат околу 300 вработувања.
Тој информираше и дека веќе има добиено две писма со намера за инвестиција од страна на „Лидл“ во Куманово.
„Треба да се оформи парцелата, самото земјиште кое иако е урбанизирано, е на користење на фирма која се занимава со земјоделство. Ја завршивме таа постапка, сега имаме мали проблеми со заштитниот зелен појас во рамки на парцелата, но верувам дека оваа за нас многу важна инвестиција ќе се реализира.
Ако последната продажба на земјиште беше 15,7 евра за метар квадратен, а сега треба да се продадат 200 илјади квадратни метри, пресметајте колку пари ќе влезат во буџетот на Општина Куманово која добива 80% од тие средства. Тоа е една сериозна основа за следните капитални инвестиции за развој на градот “, рече Димитриевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидил се подготвува за отварање на првите маркети во Македонија, објавен оглас за вработувања
„Лидл“ во Македонија ќе отвори маркети во осум градови
Фото: Unsplash