еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија значи енергетска безбедност за Европа, изјави Мицотакис

Овој гасовод значително ќе ги промени и снабдувањето со енергија, но и енергетската безбедност за сите нас на европскиот континент, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на церемонијата во Софија за почетокот на комерцијалната употреба на интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија (ИГБ) и уште еднаш порача дека за енергетската криза, потребно е заедничко европско решение и заедничка европска стратегија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис изрази уверување дека гасоводот што ќе носи природен гас од Азербејџан во Бугарија, во комбинација со другите инфраструктурни проекти кои се спроведуваат во моментов „ќе придонесе во создавањето кредибилна мрежа за снабдување со природен гас“.

Тој посочи дека конкретниот гасовод „поврзува европски земји што делат исти европски вредности и солидарност“, потенцирајќи ја важноста и потребата за постигнување едно европско решение, исто како и за пандемијата.

– Едно европско решение кое се надевам дека ќе се финализира за време на следните наши средби во Прага и Брисел, ќе ни помогне. Како и за пандемијата ќе треба да спроведеме заедничка стратегија за справување со кризата за да ја елиминираме фрагментацијата, за да бидеме сигурни дека над сè ја ставаме европската солидарноста, над националните интереси.

Грција секогаш ќе ги поддржува оваа позиција и овој напор на Европската комисија, истакна Мицотакис.

Говорејќи за регионалните проекти, тој се осврна и на важноста на терминалот за течен природен гас во грчкиот град Александруполис.

– Знаете дека важниот проектот во Александруполис со терминалот и складирањето ќе ни помогне да обезбедиме енергетска безбедност не само за Грција, туку и за други земји од Југоисточна Европа, но не само за нив туку дури и за земјите од централна Европа, порача грчкиот премиер.

Пред церемонијата, Мицотакис оствари билатерални средби со претседателите на Бугарија и Азербејџан, Румен Радев и Илхам Алиев и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција драстично ја менува енергетската карта на Европа, вели Радев

Вучиќ на Фон дер Лајен ѝ рече дека се чувствува како „црна овца“: Вклучете го Западен Балкан во плановите на ЕУ

Гасоводот ИГБ ќе донесе слобода од руската енергетска зависност, вели Фон дер Лајен

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитерџиите фатија „сеир“ оти Заев се врати од Австрија со комерцијален лет

Редакција

Три години затвор за Мијалков, за Тачи три години и два месеци

Редакција

(ВИДЕО) Ние сме тука за да ја релаксираме атмосферата и да ја обновиме довербата, порачаа Пендаровски и Радев од скопскиот аеродром

Редакција