еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Дронови ќе бидат вклучени во потрагата на момчето кое падна во Вардар кај Желино

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово известува дека и денеска продолжува потрагата по возачот од автомобилот кој на 27 септември излета и потона во водите на реката Вардар во близина на с.Желино.

-Од 09.00 часот на терен се и извршуваат копнена претрага 50 војници од Касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ од Тетово, девет припадници од армиската специјална единица „Волци“ со нуркачки тим, осум вработени во Територјалната противпожарна единица ТППЕ Тетово, двајца вработени од ДЗС Тетово, осум вработени од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Куманово, а се очекува да се приклучат и двајца нуркачи од ДЗС.

Присутни се и полициски службеници од ПС Групчин и ПС Јегуновце, двајца од РЦУК Тетово, а исто така помагаат и доброволци од месното население.

Од страна на граѓани се обезбедени и пет дрона за воздушно набљудување, но поради дождот истите моментално не дејствуваат и се чека да се создадат услови за и тие да се вклучат во потрагата. Состојбата се следи и ако има нови моменти ќе информираме, велат од таму.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре влажен бран и дождови со променлив интензитет

Редакција

Од Ковид-19 почина хирургот Денков од Штип

Редакција

Сите детали: Нови услови за мерката 14.500 денари субвенции за плати во стопанството

Редакција