еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Левица ќе поднесе иницијатива за забрана на бугарското здружение „Цар Борис III“

Левица како политичка партија и глас на народот секогаш реагира и дејствува кога е во прашање македонската посебност и антифашистичката историја. Како што беше поднесена иницијатива за забрана на здружението „Иван Михајлов“ во Битола, така ќе биде поднесена и иницијатива за забрана на новоотвореното Здружение „Цар Борис III“ во Охрид, информираат од партијата.

„Слободата на здружување на граѓаните како уставно загарантирано право има свои јасни граници со цел спречување на насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.

Основањето на здруженија со назив „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис III“, е директно насочено кон насилно уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија, а особено кон разгорување наа национална омраза.

Борбата и победата над фашистичкиот окупатор е дел од европската култура и историја. Воздигнувањето на вакви личности е опасен тренд кој треба под итно да биде спречен во Македонија.

Владата и институциите се слепи и глуви за оваа опасност и не ја спречуваат. Министерот за правда Никола Тупанчески најави одредена Комисија како ад хок тело кое ќе делува меѓуресорски, и ќе дава мислење за карактерот на историските личности.

Во изјавата на министерот не дознавме на кој начин таа ќе се основа и кои ќе бидат нејзините надлежности. Очигледно е дека оваа изјава е во насока на смирување на македонската јавност која е особено вознемирена и постојано реагира на вавкото подло и тенденциозно наметнување на фашизмот во нашето секојдневие.

Очекуваме реакција од Јавното обвинителство и останатите државни органи за постапување и спречување на овој опасен тренд на наметнување и воздигнување на докажани фашистички дејци и државници на окупаторски држави, за кое реагираше и еврејската заедница во Македонија“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е царот Борис Трети, по кој е именувам вториот бугарски клуб, кој ќе се отвори во Охрид

Сојузот на борци со осуда за отворањето бугарски здруженија со имиња кои длабоко и болно ги побудуваат чувствата на граѓаните

Враќање на фашизмот и провокација: Еврејската заедница ќе поднесе кривична пријава за името на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Припадник на Армијата ранет во стапало при воени вежби на Криволак

Редакција

Нови 119 заболени од корона вирусот од 1.325 тестирања, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Редакција

(Фото) Пари, пиштол и кондом до креветот: На Бојко Борисов пред избори му објавија нови фотографии од спалната

Редакција