еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) Пари, пиштол и кондом до креветот: На Бојко Борисов пред избори му објавија нови фотографии од спалната

Неколку дена пред денешните парламентарни и претседателски избори во бугарските медиуми осамнаа нови фотографии од спалната соба во државната резиденција со Бојко Борисов, кога беше премиер.

На една од нив се гледа како Борисов спие, а на друга се гледа пиштол и кондом покрај креветот.

Како што пренесуваат бугарските медиуми фотографиите се испратени од анонимен испраќач до ток-шоуто „Евро Дикоф“ преку мејл, во кој се наведува дека потегот е предизвикан од неактивноста на Обвинителството откако беше објавен првиот сет фотографии во гангстерски стил во јуни 2020 година, кога Борисов уште беше премиер, пренесува Интелињуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов и Радев фаворити: Денеска парламентарни и претседателски избори во Бугарија

Инаку Борисов со неговата партија ГЕРБ е фаворит на изборите, и се очекува да биде победник, но тешко ќе може да најде коалционен партнер, а сам нема да може да формира влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов тврди дека фотографиите од неговата спална соба ги направила жена, која ја нарече Мата Хари

(Фото/видео) Борисов снимен во спална, а покрај него пиштол, евра и злато

Фото: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

28-годишно момче загина во сообраќајка на регионалниот пат Радовиш – с. Ораовица

Редакција

Почна увидот: Проверете дали Ве има во Избирачкиот список за гласање во странство

Редакција

Ковачевски очекува функционерите на Демократски сојуз да си поднесат оставка, одлуката на партијата немало да го разниша мнозинството

Редакција