еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Дебар денеска втор круг од изборите за градоначалник

Во Дебар денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалник, на кои право на глас имаат 19.211 лица, кои своето гласачко право ќе можат да го остварат на 27 избирачки места.

Во првиот круг одзивот на гласачите во Дебар беше околу 42 отсто.

Вчера во Дебар гласаа болните и изнемоштени лица. Правото на глас го остварија 60 лица, две не гласаа, додека едно не бело запишано во избирачкиот список.

Според потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар, Јованка Јосифовска, вчера гласале 40 лица повеќе отколку во првиот изборен круг, кога своето гласачко право го остварија 20 болни и изнемоштени граѓани.

Јосифовска синоќа информираше дека изборниот материјал за денешното гласање е веќе распределен, избирачките одбори се обучени за начинот на гласање и се е подготвено за спроведување на изборите.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана распиша тендер за купување машки и женски чевли

Редакција

Убава вест: 761 оздравени од Ковид-19

Редакција

Македонија го алармирала НАТО за дојавите за бомби

Редакција