еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Адора Инженеринг: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

Менаџментот на Адора инженеринг доби цврсти гаранции од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) АД Скопје дека во најбрз можен рок, според сите домашни законски прописи ќе почне постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе и бидат исплатени долговите настанати во изминатата година по основ на закуп и амортизација на топланите, информираат од компанијата.

-Адора Инженеринг во интерес на граѓаните склучи краткорочен договор за закуп на топланите Исток и Запад со ЕСМ, кој важи од денеска до 30 април 2023 година, кој е на штета на компанијата од 550.000 евра на годишно ниво.

Адора Инженеринг со фактот што ги прифати условите за закупнина од страна на ЕСМ дава огромен придонес, односно изврши еден вид субвенционирање на топлинската енергија за ублажување на енергетската криза во земјава, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјани од 15 октомври ќе имаат парно: ЕСМ и Адора постигнаа договор за закуп на топланите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Зеленски за претстојната средба со руската делегација: „Не верувам дека ќе постигнеме резултат, но да се обидеме“

Редакција

Министерот Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Редакција

Од Ковид-19 починале 4 лица, сите со коморбидитети

Редакција