еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Мухамед Зеќири, поранешниот генерален секретар на Владата, за кого е поднесено обвинение

Јавното обвинителство информираше дека е поднесено обвинение за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за Мухамед Зеќири: Го оштетил Буџетот за околу 1,5 милион евра, кои завршиле во приватни фирми

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија, кога станал генерален секретар на Владата.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил куќа во Скопје од 600 метри квадратни, стекната со наследство, а истиот недвижен имот го пријавил и на име на брат му.

На свое име пријавил и стан од 81 метри квадратни во Скопје, проценет на 3,8 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

На име на сопругата пријавил девизен депозит од 5.277 евра, средства во готово од 500 илјади денари и 6.900 евра, како и скапа бижутерија и златен накит.

На име на брат му пријавил и барака со двор во Скопје и две возила Мерцедес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проширена истрагата против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири

Почната е постапката за екстрадиција на хрватскиот државјанин Иванагиќ, осомничен во случајот против Зеќири

Поради здравствени причини, Мухамед Зеќири оди во куќен притвор

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Помеѓу Охрид и Струга има ринг за борби на кучиња на јавна површина

Редакција

МВР го демантира градоначалникот Костовски за зголемениот број на напади врз малолетници во автобусот 57

Редакција

(Галерија) „Рагуза Груп“ го прослави триесетиот роденден

Редакција