еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Медицински сирупи на „Мејдн фармацеутикалс” усмртија 66 деца во Гамбија, им ги оштетиле бубрезите

Смртта на десетици деца од Гамбија од акутни повреди на бубрезите можно е да е поврзана со контаминирани сирупи за кашлица и настинки од индиски производител на лекови, изјави генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој додаде дека биле тестирани четири медицински сирупи на „Мејдн фармацеутикалс” (Maiden Pharmaceuticals), за кои постои сомневање дека предизвикале смрт на 66 деца во Гамбија.

Лабораториските анализи потврдиле „неприфатливи” количини на диетилен гликол и етилен гликол, кои можат да бидат токсични и да доведат до акутно оштетување на бубрезите.

Индиската компанија сè уште е недостапна за коментар, како и индиското Министерство за здравство.

СЗО побара спорните медицински производи да бидат отстранети од пазарот.

Производите можеби се дистрибуирани на други места преку неформални пазари, но досега тие се идентификувани само во Гамбија, се наведува во предупредувањето на СЗО.

Предупредувањето се однесува на четири производи: „Прометазин орал солушн” (Promethazine Oral Solution), „Кофексмалин бејби коу сируп” (Kofexmalin Baby Cough Syrup), „Макоф бејби коу” (Makoff Baby Cough) и „Магрип Н колд сипруп” (Magrip N Cold Syrup). (Promethazine Oral Solution), „Кофексмалин бејби коу сируп” (Kofexmalin Baby Cough Syrup), „Макоф бејби коу” (Makoff Baby Cough) и „Магрип Н колд сипруп” (Magrip N Cold Syrup).

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

17-годишна девојка осомничена за убиство на момчето кое беше најдено мртво во реката Пена

Редакција

Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за уставни измени

Редакција

Хрватскиот државен обвинител поднесе оставка бидејќи бил масон

Редакција