еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Продавниците во Солун ќе затвораат порано за да заштедат струја

Од Солун за еМагазин, Петре Димитров

Голем број продавници во Солун, како што имаше можност еМагазин да се увери на лице место, уште пред тамошното Здружение на трговци да им предложи да работат со скратено работно време, за да заштедат струја, веќе го имаа направено тоа.

Просто е неверојатно за Солун, омилената дестинација за шопинг на Македонците, во улици со бројни продавници од различен тип, на прсти да се бројат тие што работат со регуларно работно време, што беше нетипично дури и во време на големата економска криза која ја погоди Грција пред неколку години и кога беше на ивица на банркот.

Во некои од продавниците се вклучени само компјутерите, во продавниците за прехрамбени и слични производи само фрижидерите, а во дел од продавниците кои продаваат декорации за дом, нашле практично решение, па наместо струја, за осветлување користат свеќи, ем поромантично, ем поевтино.

Поголем дел од сопствениците на продавниците со кои разговараше еМагазин велат дека најверојатно ќе работат само преку ден, не и попладне, а од оваа недела продавниците на мало во Солун ќе можат да работат од 10 до 16 часот во понеделник и среда и од 10 до 19 часот во вторник, четврток и петок.

Со ваквото работно време се очекува трошоците за струја да се намалат за 5 до 7,5% дневно.

Некои од сопствениците се плашат дека и оваа нема да помогне, поради драстичниот пад на куповната моќ на граѓаните, а некои од нив се сигурни дека за неколку недели целосно ќе мораат да ги затворат своите продавници.

-Пандемијата со Ковид-19 сериозно ни го сруши бизнисот, а оваа сега со енергетската криза ќе не докрајчи, вели еден од нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко на семејствата што живеат со две минимални плати

Редакција

Агенцијата за цивилно воздухопловство вработува службеник, плата е 83.200 денари

Редакција

Пет новопочинати од корона вирусот, меѓу нив и десетмесечно бебе

Редакција