еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Оштетен е дел од таблата на новиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Оштетен е дел од таблата на која е испишано името на ново отворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Околу 12 часот и 45 минути во СВР Охрид пријавено е оштетување на дел од таблата поставен над просторијата во која е сместен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“. Екипи на СВР Охрид во моментот вршат увид на местото на настанот и се работи на расветлување на случајот, изјави Димоски за МИА.

Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен пред пет дена, а на денот на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица, а поддржан од ВМРО – ДПМНЕ. Револтираните граѓани го изразија своето незадоволство против, според дел од нив, името на клубот.

– Провокативно е името, немаме против отворањето на клубот. Секој има право да каже како се чувствува, но името е провокативно, рекоа граѓаните на протестот.

Претседателот на здружението „Цар Борис Трети“, Томе Блажевски, тогаш изјави дека Здружението било отворено пред една година запазувајќи ги сите законски процедури во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подготвена физбилити студија за нов закон: Ќе се проверува нелегално стекнат имот и капитал

Редакција

(Галерија) Солзи радосници: Прва трансплантација на црн дроб во Македонија од починат донор

Редакција

Промет од 1,7 милиони евра со акциите на Стопанска банка Скопје за осум месеци

Редакција