еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Детали од МВР: Загинатите во Битола биле на возраст од 68 и 63 години

Попладнево во Битола, во 16:24 часот, до изворите на кисела вода кај местото викано „Сребрена вода“, битолско, пронајдени се во безживотна состојба А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола.

Несреќниот случај бил пријавен од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола, дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на село Крстоар, имало две починати машки лица. За настанот е известен јавен обвинител.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Интервенирала и екипа на ТППЕ-Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца загинати во пожар кај ресторан во Битола

Утврден е идентитетот на починатите, станува збор за А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција.

Инаку, не е ретка појавата, на изворите за кисела вода кај местото викано „Сребрена вода“, лица кои полнат вода поради гас во околината на изворите да го изгубат својот живот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регулаторната комисија за енергетика им ги одзеде лиценците на “Пертинакс“ и на “Гуливер инжинериг“

Редакција

Кај 21-годишно момче откриена воздушна пушка и дијаболи на патот од Средно Водно кон „Македонско село“

Редакција

Сто интервенции на Службата за итна помош изминатото деноноќие во Скопје

Редакција