еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Србија испраќа војска на границата со Косово, дронови ги надлетуваат српските касарни

Во Косово вчера стапи на сила одлуката на косовската Влада за замена на регистарските таблички на возилата на косовските граѓани регистрирани во Србија со оние кои се пропишани со законите на Република Косово, што повторно ја вжешти ситуацијата во регионов.

Од Европската унија изјавија дека Косово има право да бара промена на српските со косовски регистарски таблички за сопствениците на возилата во Косово, но порачаа дека тоа треба да биде резултат од преговорите за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград.

Разочарување од одлуката на Косово изрази и официјален Вашингтон, чиј посредник во преговорите меѓу Косово и Србија, Габриел Ескобар побара одлагање на спроведувањето на промената на табличките за една година.

Одбивањето на Косово да ја одложи одлуката за промена на табличките може да донесе до ескалација на состојбата во северниот дел на Косово, населен со мнозинско српско население.

Во меѓувреме српските медиуми неофицијално јавија и дека Србија испраќа војска на границата со Косово.

Во исто време српските медиуми јавија и за непознати беспилотни летала кои ги набљудувале касарните и позициите на војската на Србија, а претседателот и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ издал наредба за итно дејствување со противвоздушно оружје.

За да се спречат понатамошни непријателски активности, српските „миг 29“ биле подигнати во акцијата на набљудување и евентуален напад на непријателските авиони.

Фото: Војска на Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oбвинителство: Објавувањето на документи од истрагата за „Рекет“ е кривично дело

Редакција

Кога ќе добиеме сигнал од француското претседателство дека има усогласен став, ќе дадеме одговор на предлогот за кревање на ветото, вели Османи

Редакција

Петиција за преименување на улицата каде се наоѓа Руската амбасада во “Украинска“

Редакција