еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Бугарски државјанин прегази човек кај Ново Село кој починал на лице место

Вчера околу 17 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која е прегазен 72 годишен жител на селото Ново Коњарево, откако во него удрил автомобил „фолксфаген голф“ со бугарски регистарски таблички управуван од државјанин на Бугарија.

Несреќата се случила на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село на македонско-бугарската граница, на делницата што поминува низ селото Ново Коњарево, на неколку стотина метри до преминот.

Според информациите од СВР Струмица прегазениот старец починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар.

Увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а поради сообраќајната несреќа овој патен правец синоќа беше затворен повеќе од 3 часа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Вкуси ја традицијата“ во Градски парк: Ќе бидат изложени 2.000 производи како слатко, ајвар, зимница, вино, ракија

Редакција

Ги доближуваат ли ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ставовите за уставните измени: И Таравари ќе бара гаранција од ЕУ дека ќе нема нови услови

Редакција

И рокот за замена на регистарските таблици продолжен до крајот на годината

Редакција