еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинуваат бензините, на дизелот цената останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 86,5, а Еуросупер БС – 98 сега ќе се продава за 88,5 денари за литар.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат 90, односно 85,5 денари за литар и 43,046 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,336 отсто, кај дизелот за 2,826, кај екстра лесното за 2,731 и кај мазутот за 2,066 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,143 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самит на Македонија2025 на 15 и 16 мај: Фокус на иницирање промени и иновации во Југоисточна Европа

Редакција

Шпаркасе Банка ги предупредува студентите: Има обид за фишинг напад за студентскиот оброк

Редакција

(Видео+фото) Кратко невреме предизвика штети во Скопје, Кратово, Пробиштип, Кочани и Виница

Редакција