еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

„Скопје Север“ доби забрана да работи на мазут, директорот Рамадани ќе го обжали решението

На топланата „Скопје Север“ денеска и изречена забрана да користи мазут од страна на инспектори од Секторот за животна средина во Град Скопје, потврди Куштрим Рамадани, директор на Топлана Скопје Север.

Рамадани во изјава за МИА рече дека не знае дали решението што го добиле е согласно закон и најави дека ќе го обжалат.

Министерот за економија Крешник Бектеши претходно изјави дека во законот е предвидена можност да се користи алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, односно мазут или дизел, но, како што порача, кога ќе се користи да се запазат процедурите во државава.

-За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ.

Во делот на „Скопје Север“ има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција, рече Бекшети, на новинарско прашање.

Како што соопшти Бектеши, на „Скопје Север“ им се понудени две опции, да се склучи договор за деловно техничка сораотка или за закуп, по примерот со топланите Скопје Исток и за Скопје Запад, но нема повратен одговор од раководството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мазутот да не биде погонско гориво за топланата „Скопје Север“, кога може да се користи гас

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП Водовод и канализација – Скопје нема да исклучува за неплатени сметки

Редакција

Драматичен раст: 792 нови случаи на Ковид-19 од 9.270 тестирањa

Редакција

Владата препорачува еден член од семејството да купува намирници и лекови од маркетите и аптеките

Редакција