еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија повторно единствена во регионот што не ги почитуваше мерките на ЕУ за Украина

Србија повторно е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не ја почитуваше новата одлука на Советот на ЕУ за рестриктивни мерки поради поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина, пренесе Бета.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, соопшти дека на 14 ноември Советот на ЕУ ја усвоил Одлуката 2022/22331 со која се дополнува одлуката на Советот од 2014 година со додавање на две лица и два ентитета на листата на физички лица, субјекти и тела подложени на рестриктивни мерки за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.

Како што се наведува во соопштението, земјите кандидати за членство во ЕУ – Македонија, Црна Гора, Албанија, Украина и Босна и Херцеговина како потенцијален кандидат – се усогласени со одлуката на Советот на ЕУ.

Се усогласуваат и земјите од ЕФТА Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. Тие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со одлуките на Советот, а ЕУ ја забележува таа посветеност и ја поздравува, додаде Борел во изјавата.

Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не ги почитуваше петте претходни одлуки за рестриктивни мерки поради Украина, донесени во јули и септември.

Тоа не беше во согласност ниту со одлуката на Советот на ЕУ од јули за спроведување на специјални мерки во борбата против тероризмот, ниту со одлуката на Советот на ЕУ за рестриктивни мерки против Иран донесена во јуни.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Надоместот за приватизација на градежното земјиште се зголемува за 30 пати

Редакција

Кој е Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК кој заврши во притвор

Редакција

Групацијата ЗК Пелагонија во загуба од 189.7 милиони денари

Редакција