На 24.08.2018 година во 09,50 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река „Вардар“, Ш.С.(52) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки излегол надвор од коловозот, удрил во бетонска ограда од мостот, по што се превртел на кров, информира МВР.
По незгодата 16 годишна сопатничка од Скопје со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клинички центар Тетово, каде и се констатирани тешки телесни повредии по укажаната лекарска помош е префрлена во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.