еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бруто-домашниот производ во третиот квартал пораснал за 2%

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2022 година е 2%.

Во третото тримесечје од 2022 година, најголем пораст е забележан во секторите – Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 11.8%.

Во секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна растот е 9.1%, а во Финансиски дејности и дејности на осигурување 5.8%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2022 година, номинално расте за 18.2%, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 71.2%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 27.2%, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 31.1%.

Бруто-инвестициите во третото тримесечје од 2022 година бележат најголемо покачување во делот на промената на залихите, соопшти ДЗС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Банкарскиот систем ја задржа стабилноста и отпорноста на шокови

Редакција

Клучни разлики помеѓу Ковид-19 и грип

Редакција

ОДВ Електрик го шири производството во Македонија, нови 90 вработувања и инвестиција од 4,2 милиони евра

Редакција