еМагазин
Image default
Бизнис

ЕДС Инфо Поинт: Просечната цена на струјата во декември повисока за 145 евра во споредба со претходниот месец

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 3 декември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 406,41  евра/mwh.

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 474,42 евра за мегават час.

Просечната цена на електричната енергија во текот на месец декември до сега, (baseload till date) изнесува 367,92 евра за мегават час, што е за близу 145 евра повисоко од цената по кој што електрична енергија се тргуваше во текот на претходниот месец.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макошпед“ ја зголеми добивката

Редакција

Виталиа ja освојува Африка – на ред Нигерија и Гана

Редакција

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Редакција