еМагазин
Image default
Македонија

Почесниот конзул на Малта во Македонија, Анѓушев го честита Денот на републиката

Почесниот конзул на Малта во Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита Денот на Републиката на Малта, со кој се одбележува промената на државното уредување на Малта од монархија како дел од Британската круна, во Република.

“Почесниот конзул Анѓушев упати честитки до народот на Малта за храбрите државнички одлуки во минатото и за големите успеси во градење на републиката од страна на генерациите кои ја направија земјата дел од Европската Унија и една од најпросперитетните економии во Европа.

Почесниот конзулат на Малта, отворен во Скопје во 2021 година, меѓу другото презема и активности насочени кон засилување на економските врски меѓу стопанствата на двете држави,” се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Тетовската болница починал пациент со Ковид-19 и вакциниран со две дози „Синофарм“

Редакција

Помилуваниот член на “Барон“ од Сиљановска Давкова уапсен за обид за убиство

Редакција

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Горан Грујевски инсистирал да се формира Комисија за поништење на опрема од УБК

Редакција