еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Покапува дизелот, цената на бензините останува иста

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 3 денари по литар.

Цените на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.

Новата цена на Еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 80,50 денари, а на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 78,50 денари за литар.

Еуросупер БС – 95 и натаму ќе се продава за 76 денари за литар, Еуросупер БС – 98 за 78,50, а килограм Мазут М-1 НС за 39,37 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Добро бе сите ли работат во СЈО?“: Твитер реакции за тоа дека сопруга на вработен во СЈО и издала боледување на Јанева

Редакција

Како руските комичари кои разговарале со Заев ги наоѓаат телефонските броеви на светските политичари

Редакција

Струмички „Грозд“ оствари добивка од 9,8 милиони денари за три месеци

Редакција