еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешен обвинител украл од државниот буџет 450 илјади евра, осомничени и екс министер, државен правобранител и нотар

По повеќемесечна предистражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет лица за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, информираат од Обвинителството.

Осомничените со преземените противправни дејствија на помагање на првоосомничениот сите заедно предзвикале штета од значителни размери во висина од 25.502.282 денари (450.000 евра) на Буџетот на Македонија.

Имено, во периодот од 2010 година до 2018 година во Делчево првоосомничениот, поранешен јавен обвинител, во својство на службено лице – секретар и законски застапник, член на Собрание и член на Извршен одбор на здружение на граѓани во државна сопственост, а истовремено и одговорно лице – управител во правното лице во приватна сопственост, ја искористил својата службена положба и ги пречекорил своите службени овластувања.

Тој, во периодот од 2010 година до 2015 година, со намера да прибави противправна корист за себе, а подоцна во периодот од 2015 до 2018 година со намера да прибави противправна корист за себе и за својот син, ја искористил својата службена положба и ги пречекорил своите службени овластувања.

Првоосомничениот со умисла потпомогнат од останатите осомничени во својство на службени лица – членови на органите на граѓанското здружение и друштвото во приватна сопственост, преземале противправни дејствија со кои противправно сукцесивно го присвоиле севкупниот движен и недвижен имот, имотни права и парични средства сопственост на граѓанското здружение во државна сопственост и го префрлиле на правното лице – друштво во сопственост на првоосомничениот што ја извршува истата дејност како и здружението, кое 2017 година згаснало поради ликвидација.

Покрај членовите на Собранието и Извршниот одбор на здружението меѓу кои е осомничен и поранешен министер без ресор, осомничени се раководител во Управата за имотно правни работи во Министерството за финансии, државен правобранител, нотар и двајца овластени регистратори од Централен регистар на Македонија.

На предлог на јавниот обвинител, Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајцата првообвинети, велат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Огуз Ерујгун е нов генерален менаџер на хотел Мериот, кој одбележува шест години постоење

Редакција

Мицкоски: Заев дојде со план да не се постигне договор за да си го заштити криминалот

Редакција

За министерот Сали, Даниловски, дава несериозни изјави опасни за општеството, професорот му врати со аргументи

Редакција